Никол Кидман беше магнет за погледи на премиерата на нејзиниот нов филм „The Killing of a Sacred Deer“ на Канскиот филмски фестивал.
Грациозната актерка бавно чекореше по црвениот тепих во креација од Келвин Клајн. Фустанот со црн горен дел и бело здолниште од тул најверојатно е инспириран од балерина.
Стајлингот на Никол вклучуваше и црни лакирани обувки од истиот бренд и накит од Хари Винстон.
49-годишната филмска ѕвезда се движеше до Колин Фарел, кој ја има главната машка улога во филмот.