Гламурозните забави се задолжителен дел од Канскиот филмски фестивал. На свеченоста на Chopard на француската ривиера беа поканети многу славни личности.
Адријана Лима изгледаше како божица во црн фустан со впечатливи декорации од Рим Акра.
Кендал Џенер носеше фустан од високата мода на британската модна куќа Ralph & Russo.
Бела Хадид привлекуваше погледи во бел фустан од Roberto Cavalli.
Ријана носеше светлосина креација од дизајнерот Адам Селман и впечатлив накит од Chopard.
„Ангелот“ Сара Сампајо заведуваше во црна проѕирна креација од Ели Сааб.
Моделот Вини Харлоу носеше црвен фустан од Зухаир Мурад.