Откако ја одушеви публиката со раскошен фустан од Кристијан Диор, Моника Белучи го продолжи „канскиот моден маратон“ со блескава креација.
За свечената вечера по повод отворањето на престижниот фестивал, 52-годишната Италијанка се појави во црн фустан од Вивиен Вествуд кој ја истакна нејзината фигура.
Гламурозната брановидна фризура и минималистичките обетки на совршен начин го надополнија нејзиниот изглед.
Белучи годинава е домаќинка на филмскиот фестивал кој ќе трае до 28 мај.