Кралицата Летиција непрекинато присвојува комплименти со стилските избори. Шпанската кралица умее со стил да носи креации од врвни дизајнери, но неретко покажува дека може да блеска и во попристапни модни парчиња.
На средбата со кинескиот претседател Си Ѓинпинг и неговата сопруга Пенг, Летиција носеше фустан од британската онлајн продавница ASOS. Розовата креација со извезени тропски детали чини 103 евра.
Палтото на Летиција го носи потписот на Каролина Ерера, додека чантичката и чевлите се дело на брендот Magrit.