Убавите луѓе се и побогати, така велат истражувачите, а Анџелина Џоли е одличен пример за тоа. E! Online ексклузивно објави дека прекрасната актерка стана заштитно лице на модната куќа Луј Витон и со тоа го зголеми своето богатство за речиси 10 милиони долари.
Убавата Џоли ќе биде дел од претстојната глобална рекламна кампања на брендот која ќе биде лансирана ова лето.
Според досегашните информации, кампањата ќе биде реализирана од познатата фотографка Ени Лебовиц.
Сè уште нема потврда за склучената соработка ниту од модниот бренд, ниту од претставник на Анџелина.
Меѓу најпознатите ѕвезди на досегашните реклами на Луј Витон се впишуваат имињата на Мадона, Скарлет Јохансон и Џенифер Лопез.