Александра Пријовиќ беше дел од публиката на петтиот по ред концерт на Марија Шерифовиќ во Белград.
Во „Сава центарот“, 29-годишната пејачка, која го очекува своето второ дете, се појави во деловен стајлинг кој вклучуваше црни панталони, бела кошула и широко сако. Бремената Србинка додаде обувки и чанта од Шанел, како и накит од Картие кои заедно чинат речиси 40 илјади евра, како што пренесува српскиот Kurir.








Александра сподели видеа од Марија на Story на Instagram.

Пријовиќ очекува девојче со сопругот Филип Живојиновиќ. Тие имаат 6-годишно синче.
Александра и Филип, кој му е син на сопругот на Лепа Брена, стапија во брак во 2018 година.


ФОТО: Instagram