Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам заедно застанаа пред објективот на фотографот Лахлан Бејли. Славниот пар ја сними првата заедничка фотосесија досега.


37-годишната убавица и 57-годишниот актер, кои се заедно од 2010 година, се дел од новата кампања на модниот бренд Falconeri. Тие изјавија дека фотосесијата има специјално значење за нив.
„Целта на кампањата беше да се раскаже оваа приказна како да е патување низ светот на Falconeri низ моите и неговите очи. Бевме инволвирани во креативниот процес, ги избравме фотографот, стилистот и локацијата“.
„Ова е наша прва заедничка кампања и беше одлично. Забавно е да се работи со твојата половина, беше релаксирано и лесно. Имавме ден заедно, работејќи со фотограф кој и двајцата го сакаме, со нашиот тим и имавме ноќ без децата. Тоа беше лесен и безгрижен ден. Што би можеле да посакаме повеќе?“ – рекла Роузи.



Роузи и Џејсон се верија во јуни 2017 година, а заедно имаат две деца.

