Со завршната претстава во Прилеп, градот каде е седиштето на Витаминка, се комплетираше едукацијата на карванот на Витаминка за општествените вредности. Во текот на неколку месечната посета на предучилишните установи-градинките низ целата држава повеќе од 22 000 деца учеа за другарството, емпатијата и почитта кон другиот. Карванот преку музички претстави, на непосреден и забавен начин ги учеше децата што значи меѓусебно разбирање, како да се препознаат и ценат различностите, што е доверба и другарство и како да се изградат во општествено корисни личности.

Пренесувањето на најважните социјални и општествени вредности побуди голем интерес кај образовните и педагошките кадри и кај родителите а со тоа и барање за дополнителни претстави и опфаќање на што повеќе деца. Претставите и едукацијата онаму каде имаше потреба се изведуваа двојазично, на македонски и албански јазик.
„Со гордост можеме да кажеме дека преку караванот на Витаминка успеавме да допреме до над 22 000 деца ширум државата, носејќи им вредни лекции за другарството, емпатијата и почитта. Нашата мисија беше да ја поттикнеме свеста за важноста на општествените вредности на забавен и интерактивен начин. Огромниот интерес од градинките, воспитувачите и родителите покажува дека сме на вистинскиот пат. Витаминка останува посветена на градењето на подобро општество преку поддршка на иницијативи што ги обликуваат идните генерации“, истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во Витаминка.



Во првиот дел од кампањата, карванот започна од скопските предучилишни установи и реализира вкупно 48 претстави, кои успеаја да допрат до импресивна бројка од 8005 деца. По позитивните реакции, проектот продолжи низ целата држава, со планирани посети уште во 80 установи, вклучувајќи и рурални региони. Конечната бројка до која стигнаа вредностите од креативното и музично пренесување на едукацијата е над 12 000 деца низ целата држава.

Иницијатор за создавање на карванот со ваков фокус и функција е Витаминка, компанија што ги негува истите вредности и инкорпорира во своите општествено одговорни кампањи. Со овој карван уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон локалната заедница и создавање позитивно влијание врз новите генерации. Проектот е реализиран од страна на Продукција Триангл, тим од професионални музичари, експерти, педагози, психолози и едукатори, кои се погрижија активностите да бидат прилагодени за возраста на децата и да вклучуваат едукативни елементи.