Многу парови минуваат низ тежок пат додека да се остварат во улогата на родители.
Мајка, која го доби своето бебенце со помош на инвитро оплодување, објави моќни фотографии кои нема да ве остават рамнодушни.
На нив, бебенцето лежи покрај десетици шприцови од инјекциите кои таа морала да ги прими за да забремени.

Бебенцето беше зачнато благодарение на стручниот тим во „Њуборн клиника“ во Скопје, каде стотици жени и мажи поминуваат низ ова патување. За ова ангелче, неговата мајка вели дека вредела секоја инјекција, секој момент на страв и надеж, бидејќи денес ја има радоста која со нетрпение ја чекала.
Фотографиите не ја покажуваат само љубовта, туку и огромната сила на една жена која се бори за своето дете.
Еве ја пораката објавена од Њуборн клиника заедно со фотографиите:
За ова прекрасено ангелче еве што ни напиша креативната мама:
Секоја инекција која што сум ја примила вреди
Благодарение на докторите од Њуборн и целиот тим, ние денес имаме едно прекрасно девојче родено на 02.02.25, природно во 37+4 г.н, 2740 гр./48 см.
Животот за нас почна во NEWBORN…
My little miracle

