Лора Блер несомнено поседува чувство за стилска хармонија. Атрактивната блогерка од Лондон го основала својот блог за да ги оттргне мислите од студиите, но сега тоа стана нејзина професија.
„Животот е премногу краток за да носите досадна облека“ – пишува таа.
31-годишната Англичанка комбинира дизајнерски парчиња со облека по пристапни цени и успева да склопи ултра шик комбинации кои ги споделува со своите следбеници.