Стево Пендаровски беше домаќин на традиционалниот годишен прием за дипломатскиот кор.
59-годишниот македонски претседател беше придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска на настанот на кој одржа говор за да им се заблагодари на претставниците на дипломатскиот кор акредитирани во нашата држава.
„Празничниот период е зад нас, но дозволете ми, на почетокот на новата 2023 година, на сите да ви посакам добро здравје и лична среќа, а на вашите држави многу успеси и напредок на секое поле“ – посака Пендаровски.
Македонската прва дама изгледаше отмено и префинето во бордо креација со панделка.