Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска моментално се во официјална посета на Полска.
56-годишниот македонски Претседател и 47-годишната Прва дама со високи државни и воени почести беа дочекани во Варшава, од страна на полскиот претседател Анджеј Дуда и неговата сопруга Агата.
За оваа пригода, Елизабета изгледаше отмено во палто во циклама нијанса.
По средбата на претседателот Пендаровски со претседателот Дуда, делегациите на двете држави одржаа пленарен состанок на кој се потврдија искрените пријателските односи и политички дијалог.