Стево Пендаровски моментално е во официјална посета на Чешка, а е придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.
60-годишниот македонски претседател и 51-годишната прва дама беа пречекани со највисоки државни и воени почести од страна на чешкиот претседател Петр Павел и неговата сопруга Ева.
Ѓоргиевска изгледаше префинето во бордо фустан и складни салонки.
Претседателот Пендаровски оствари средба со претседателот Павел, на која биле потврдени искрените пријателски односи меѓу двете држави. На средбата се разговарало за македонските аспирации за членство во Европската Унија, партнерството во НАТО, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина.