Почетна » Новости » Занимливости » Нашите светски шампиони од „Eat the beat“ го донесоа пехарот дома и се сретнаа со претседателот Пендаровски и Првата дама

Нашите светски шампиони од „Eat the beat“ го донесоа пехарот дома и се сретнаа со претседателот Пендаровски и Првата дама

Нашите амбасадори на културата, танчарите од танцовото студио „Eat the beat“, го донесоа дома пехарот од неодамна одржаното Светско првенство во латино во Сараево, каде ја освоија престижната титула Светски шампиони во детска категорија.

Својата победничка кореографија тие имаа прилика да ја презентираат и пред претседателот на државата Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета, кои ги посетија во нивното студио.

„Огромно е задоволството да си меѓу светски шампиони. Вечерва лично им честитав на членовите на танчерскоро студио 'Eat the beat' за успешното претставување на боите на својата земја и освоената прва награда во латино шоу во категорија деца. Ви посакувам уште многу успеси!“ - изјави Пендаровски.

Eat the beat Eat the beat Eat the beat

„Покрај нив и останатите групи од 'Eat The Beat' учесници на светското првенство ги изиграа нивните кореографии. Децата, а и ние сме воодушевени и бескрајно благодарни“ - велат од „Eat the beat“.

Eat the beat Eat the beat Eat the beat Eat the beat

По пауза од една година, малите, а големи таленти повторно ја освоија титулата Светски Шампиони во детска категорија.

Тие се членови на Македонската Асоцијација за Модерни Танци која реди успеси на светското првенство. Покрај Eat the Beat, Македонија ја претставуваат и танчерите на Expose од Битола. Досега двата клуба имаат 5 пласмани на пиедесталот, но во детска категорија повеќе од заслужено ја понесоа титулата светски шампиони, оставајќи ги Италија и Србија на второто, односно третото место.

Eat the beat Eat the beat Eat the beat Eat the beat

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.