Наталија Ореиро заплива и во дизајнерските води. Уругвајската актерка и пејачка, која кај нас е позната по серијата „Дивиот ангел“, создаде своја модна колекција во соработка со рускиот бренд Zarina.
41-годишната ѕвезда сними празнична рекламна кампања во која самата таа ги презентира креациите.
Ореиро има огромен број фанови во Русија, па реши да им посвети песна. Деновиве таа го објави спотот за песната „To Russia with Love“ снимен во рускиот град Балашиха.
Во видеото, таа ги носи креациите и модните додатоци од сопствената колекција.