Се сеќавате ли на Наталија Ореиро, забавната актерка од аргентинската серија „Muñeca Brava“ или „Дивиот ангел“?
Познатата актерка и пејачка присуствуваше на Меѓународниот филмски фестивал во Москва за промоција на својот филм „Наша Наташа“.
Наталија е на чекор до 40-тата година, но нејзиниот изглед воопшто не го открива тоа. На прес-конференцијата во Москва, Ореиро се појави во модерен женски костум.
Новиот филмски проект ја прикажува врската на Ореиро со нејзините фанови од Русија.
Погледнете фотографии и од нејзиното пристигнување и престојот во руската метропола: