Наталија Ореиро е водителка на уругвајското издание на шоуто „Јас имам талент“.
43-годишната актерка и пејачка, која сигурно ја паметите по серијата „Дивиот ангел“, шармираше во повеќе креации на големата сцена во Монтевидео.
Како и секогаш, Ореиро измами комплименти за одржаниот изглед.
Аргентинската серија „Muñeca Brava“ или „Дивиот ангел“ беше вистински хит кај нас, а Наталија ја имаше главната улога.