Меган Маркл беше тајна специјална гостинка на доделувањето на „Модните награди“ во Лондон. На манифестацијата, бремената војвотка изгледаше гламурозно во црн фустан на едно рамо од Живанши.
Сопругата на принцот Хари ја надополни елегантната креација со златен накит и сандали и едноставна пунџичка.
Меган се појави на сцената за да ѝ ја додели наградата Најдобар британски дизајнер на женска облека на Клер Вејт Келер, дизајнерката која ја креираше нејзината венчаница и која стои на чело на модната куќа Живанши.
„Многу ми е убаво што видов толку многу познати лица, со многу од вас се познавам подолго време, а има и многумина кои ги запознав во изминатава година. Па, ви благодарам за топлиот пречек“ – рече Меган.
Келер не пропушти да ѝ се заблагодари на Меган за укажаната доверба. „На крајот, сакав да ти се заблагодарам тебе. Оваа жена е неверојатна. Имав можност да ја запознам Меган на лично ниво и огромна чест е кога некој како неа ќе ви укаже доверба во прекрасен момент во неговиот живот и не можам да ти се заблагодарам доволно“ – рече таа.