Војвотката Кетрин и принцот Вилијам денеска беа во посета на BBC за од прва рака да добијат информации за одвивањето на кампањата за превенирање на сајбербулинг.
36-годишната припадничка на британското кралско семејство носеше светол син фустан од Емилија Викстед и обувки од Џанвито Роси.
Кралскиот пар се сретна со млади лица кои го снимија видеото „Stop Speak Support“ за неделата посветена на борбата против врсничкото насилство и испробуваше апликација дизајнирана да го спречи малтретирањето онлајн.