Лили Олдриџ измами многу комплименти со својата појава на ревијата на Брендон Максвел. Славниот ангел на Victoria’s Secret дефилираше во блажена состојба. 32-годишната манекенка е во петтиот месец од бременоста.
„Многу сум горда што дефилирав на пистата на Брендон Максвел бремена! Имам учествувано во повеќе ревии во животот, но на овој момент ќе се навраќам со силна емоција“ – напиша таа на Instagram.
Во рамките на Њујоршката модна недела, таа присуствуваше и на настан на The Business of Fashion.
Ова ќе биде второ дете на Лили со Калеб Фоловил, со кого е во брак од 2011 година. Тие заедно имаат 6-годишна ќерка.