Ирина Шајк привлече огромно внимание откако неколку часа по овогодишната ревија на Victoria’s Secret стана јасно дека дефилираше во блажена состојба.
30-годишната Русинка, која го очекува своето прво дете со актерот Бредли Купер, не е првата убавица која била дел од големото шоу за време на бременоста.
Во 2011 година, Алесандра Амбросио беше во ЧЕТВРТИОТ месец од бременоста кога зачекори на пистата со крилја тешки 14 килограми и во два други костими. Никој не знаеше дека Амбросио е трудна со второто дете, а нејзината фигура не ја издаде слатката тајна.
На истата ревија уште еден ангел носеше нов живот. Лили Олдриџ беше во првиот триместар од бременоста.
Во 2013 година бремената Дауцен Крус носеше три костими на ревијата во Њујорк. Крус сподели дека ќе има второ дете три месеци по шоуто на VS.
Се шпекулира дека Ирина е во вториот триместар од бременоста, но сè уште нема официјална потврда од нејзина страна.