Амал Клуни е дама со мисија. Популарната адвокатка и активистка со модерен деловен стајлинг мамеше погледи додека се упатуваше на конференција на Обединетите Нации во Њујорк.
Црвениот фустан доаѓа од ателјето на Оскар де ла Рента, чантата е со потпис на Мајкл Корс, а обувките се од брендот Џими Чу.
40-годишната сопруга на Џорџ Клуни одржа говор со кој побара од политичарката и добитничка на Нобелова награда Аунг Сан Су Чи неодложно ослободување на двајца новинари на новинската агенција „Ројтерс“ кои беа уапсени додека истражуваа брутални убиства на 10 Рохинги во Мјанмар. Со оглед на тоа што злоделата врз Рохингите се вршат од властите на Мјанмар, за целиот свет јасно е дека новинарите беа неправедно уапсени за наводно поседување на „документи кои содржат државни тајни“. Новинарите Ва Лоне и Куав Сое беа осудени на 7 години затвор.
Зборувајќи за Аунг Сан Су Чи, Амал рече: „Кога бев студентка, таа ми беше херој, како што им е и на многу други адвокати за човекови права низ светот и на многу од 50-те милиони жители на Мјанмар, чии животи вети дека ќе ги промени... Аунг Сан Су Чи знае подобро од сите како е да си политички затвореник во Мјанмар. Таа има спиено во ќелија во затворот во кој сега спијат Ва Лоне и Куав Сое. Но денес, таа го држи клучот...“