Адријана Лима изгледаше зашеметувачки привлечно на свеченоста „Гала за Глобалниот Океан“.
На синиот тепих во Монте Карло, убавата Бразилка зачекори во розов фустан со блескави камења на зглобовите на рацете и деколтето. Креацијата е дел од колекцијата висока мода есен/зима 2019 на британската модна куќа Ралф и Русо.
Галата е организирана од принцот Алберт II со цел собирање на средства за зачувување на океаните.