Почетна » Новости » Истражувања » Јануари е критичен месец за врските

Јануари е критичен месец за врските

Првиот месец во годината е најлош период за паровите, вели ново истражување. Поради лошото време, краткиот ден и испразнетите џебови, луѓето го поминуваат поголемиот дел од денот дома, а тоа создава услови за повеќе кавги.

Расправија на маж и жена

Истражување на британска осигурителна компанија покажало дека во јануари луѓето поминуваат дома во просек по 14 часа и 48 минути и имаат во просек по 20 расправии дневно, додека во текот на летните месеци остануваат дома 10 часа и 5 минути и се расправаат по 16 пати дневно.

Психолозите објаснуваат дека недостатокот на сонце ја зголемува депресијата, а неактивното седење дома ги прави луѓето понервозни и раздразливи, па затоа бројот на кавги е зголемен. Седењето дома исто така ја зголемува здодевноста и луѓето имаат повеќе „празно“ време, па додавајќи ги тие состојки се создава совршен рецепт за кавги и евентуално раскинување.

Скоро две третини од учесниците во истражувањето признале дека имаат доживеано љубовна разделба во јануари.

И пријателството поминува низ кризен период во јануари. Речиси половината анкетирани изјавиле дека го намалуваат бројот на пријатели со кои се среќаваат во текот на првиот месец од годината. Како причини за таквата појава може да се набројат студеното време и „стегањето на ременот“ по големото празнично трошење.

Лошото расположение е карактеристично за јануари – 48% од интервјуираните кои имале до 25 години го оцениле јануари како најдепресивен месец во годината.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.