Почетна » Новости » Истражувања » Луѓето најмногу лажат во јануари

Луѓето најмногу лажат во јануари

На прашањето „Како си помина за Нова година?“ сигурно многу луѓе ви одговорија „најлудо/незаборавно“, иако голем дел од нив си поминаа просечно. Иако ветивте дека ќе ги откажете цигарите, не издржавте и запаливте една, но не му го кажавте тоа на вашиот партнер. Утрото ви студеше и ви беше мачно да станете од кревет, па му рековте на вашиот претпоставен дека сте болни за да не одите на работа...

Ново истражување вели дека луѓето најмногу лажат во текот на јануари. Базирајќи ги своите заклучоци на одговорите на 2.000 испитаници, британски истражувачи тврдат дека во јануари во просек кажуваме по 7 лаги дневно. За споредба, во останатите месеци од годината лажеме во просек по 4 пати дневно.

ЛажењеВо јануари луѓето во просек лажат по 7 пати дневно

Во текот на јануари луѓето имаат многу причини за лажење. Лагите се однесуваат на тоа колку лудо си поминале на дочекот на Новата година, колку добро се справуваат со диетата по завршувањето на празниците, какви празнични подароци добиле и сл.

Студеното време принудува многу луѓе да лажат дека се болни за да го поминат денот дома.

Многумина исто така лажат дека ги исполнуваат новогодишните ветувања (како откажување на цигарите) или лажат за тоа колку пари потрошиле на шопингот за време на новогодишните распродажби. Не се ретки и оние кои лажат и измислуваат изговори за да избегнат некој друштвен собир.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19668 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.