Почетна » Новости » Истражувања » Мажите се виновни за повеќето кавги во врската

Мажите се виновни за повеќето кавги во врската

Расправиите се нормална појава во секоја врска. Но, кога ќе пукне расправијата, жените се тие кои страдаат повеќе затоа што чувствуваат поголема тага и болка отколку мажите.

Научниците потврдија дека жените се повознемирени за време на расправии и повеќе си ги земаат кавгите при срце.

Истото истражување покажало дека жените имаат зошто да се вознемируваат, бидејќи мажите ги предизвикуваат повеќето кавги во врската.

Кавга

Во рамките на ова шпанско истражување учествувале 142 мажи и жени кои биле ставани во различни ситуации во кои паровите би започнале да се расправаат.

Во ситуациите кога еден од партнерите бил навредуван или непочитуван, жените се чувствувале полошо, а во ситуациите во кои еден партнер бил физички агресивен за време на кавга, жените се чувствувале поразочарани од мажите.

Истражувачите заклучиле дека жените имаат поинтензивни емоции од мажите во моментите кога ќе се појави конфликт во врската. Тие веруваат дека мажите стојат зад повеќето кавги бидејќи покажуваат моќни емоции.

За време на кавгите кај мажите се појавувале подоминантни или моќни емоции како лутина, презир, гнев, а кај жените се појавувале покорни емоции како вина, тага и страв.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.