Почетна » Новости » Истражувања » Чоколадото може да ви помогне да си ја зачувате фигурата

Чоколадото може да ви помогне да си ја зачувате фигурата

Од САД доаѓа вест која секоја жена сака да ја слушне. Имено, чоколадото може да ви помогне да си ја зачувате убавата фигура, па затоа не треба да се воздржувате и да го исфрлате од исхраната, дури ни кога сте на диета.

Жена и чоколадо

Истражување во кое учествувале речиси 1.000 здрави мажи и жени покажало дека луѓето кои често јадат чоколадо, всушност тежат помалку отколку оние кои тврдат дека јадат поретко. Учесниците во истражувањето кои редовно уживале во чоколадото, имале понизок BMI (индекс на телесна маса). Поточно, оние кои јаделе чоколадо 5 пати неделно имале за една единица понизок BMI.

„И самата јас бев многу среќна со вестите. Нашите откритија само ги надополнуваат досегашните информации дека и составот на калориите, а не само нивниот број, е важен за нивното крајно влијание на тежината“ – изјавила д-р Беатрис Голомб од Универзитетот Калифорнија, Сан Диего, која го предводела истражувањето.

Сепак, ова не значи дека треба да претерувате со слаткото задоволство. „Тоа не е сигнал да излегувате и да јадете 10 килограми чоколадо дневно“ – дополнила Беатрис.

Ова не е првото истражување кое укажува дека дневната умерена доза чоколадо е полезна за здравјето. Минатото лето истражување со учество на 100.000 луѓе откри дека кај оние кои редовно јаделе чоколадо се намалува ризикот од срцеви заболувања со 37% и ризикот од мозочен удар со 29%.

Експертите советуваат да внимавате бидејќи сите чоколада не се исти по состав. Најздраво е консумирањето на чоколадо со висок процент на какао (над 60-70%). Се смета дека горчливиот вкус на темното чоколадо го намалува апетитот, а дека слаткиот вкус на млечните чоколада може да го стимулира.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.