Партик Роже е познат француски слаткар кој успеа да направи чоколадна божиќна елка висока 10 метри.
Слаткото дрво ќе биде искористено за да бидат собрани парични средства за поддршка на истражувањата за невромускулни заболувања. На 3. и 4. декември ќе биде организирана телевизиска аукција. Оние што ќе донираат средства ќе добијат дел од големото дрво кое тежи 4 тона.
На Патрик му бил потребен еден месец за да ја „изгради“ високата елка која содржи 800 000 чоколада.