Неколку недели пред Св. Валентин, во Токио беше презентирана нова чоколадна верзија на Mercedes Smart.
Иако не е направен од вистинско чоколадо, новиот Mercedes Smart делува исто толку слатко.

Дизајниран од јапонската компанија Q-Pot, автомобилот е кафеав, со дезен како коцки чоколадо. Дизајнерот Тадаки Вакамацу, кој е страстен обожавател на чоколадо, изјавил дека ја создал оваа верзија за сезоната на Св. Валентин.
Во Јапонија е традиција жените за Св. Валентин да им подаруваат чоколада на своите колеги, роднини и пријатели од машки пол. Порачките за чоколадниот Мерцедес ќе бидат примани од 2 февруари до 13 март, еден ден пред т.н. „Бел ден“, кога Јапонците им возвраќаат со подароци на жените кои претходно им подариле чоколада.