Почетна » Новости » Истражувања » Црната облека прави да изгледате привлечно, интелигентно и самоуверено

Црната облека прави да изгледате привлечно, интелигентно и самоуверено

Стоите пред плакарот во недоумица што да облечете за важен настан за да изгледате беспрекорно? Играјте на сигурно и изберете црна модна комбинација.

Истражување покажа дека луѓето кои носат црно се перципирани како привлечни, интелигентни и самоуверени.

Жена во црно Жена во црно

Британската компанија Buytshirtsonline побара од 1.000 лица да се изјаснат кои бои ги асоцираат со одредени особини. И мажите и жените изјавиле дека најатрактивни им се лицата од спротивниот пол кои носат црна облека.

Маж во црно

Црната боја најмногу била асоцирана со интелигенција, додека розовата најмалку. Истражувањето ја посочува црната боја како најбезбеден избор за интервју за работа и прв љубовен состанок.

Уште една добра страна на црната боја е што таа најмалку се асоцира со негативни особини како ароганција.

Жена во црно Жена во црно

Според заклучоците од истражувањето, црната, сината и белата боја најмногу се поврзуваат со интелигенција, а жолтата, портокаловата и розовата се на дното на листата.

Кога станува збор за романтична привлечност, и мажите и жените би сакале партнери облечени во црно или црвено. Негативна страна на црвената боја е што се поврзува со арогантност. Најмалку привлечни бои во контекст на сексапилот се портокаловата и кафеавата.

Во однос на самодовербата, најпопуларни се црната, црвената и сината боја.

Жена во црно Жена во црно Жена во црно Жена во црно

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18913 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.