Шокантни податоци од Индија говорат за грозоморните постапки на стотици илјади родители кои ги абортираат или убиваат своите бебиња само заради тоа што се од женски пол.
Секој ден 2.000 девојчиња се убивани во утробите на мајките или задушувани со перница веднаш по раѓањето, бидејќи нивните родители преферираат машки деца. Министерката Манека Ганди ги објави вознемирувачките податоци, кои беа пренесени од Ројтерс.
Абортусите базирани на полот на фетусот се забранети со закон во Индија, но статистиката говори дека тоа се случува масовно. Британско медицинско списание во 2011 година објави дека во изминативе 3 децении во Индија биле абортирани околу 12 милиони девојчиња.
Во индиската култура е втемелено сфаќањето дека синовите се дар, додека ќерките се голем товар.
Манека Ганди споделила и дека годинава е започната кампања „Спаси ја ќерката, едуцирај ја ќерката“. Резултатот засега е зголемен број на девојчиња оставени во сиропиталишта, односно сè помалку родители ги убиваат своите ќерки за да ги остават во домови за деца без родители.