Мајур Шелке со причина е нарекуван херој. Тој нема наметка, но направи суперхеројски акт.
Неверојатниот маж си го ризикуваше животот и скокна пред воз за да му го спаси животот на 6-годишно момче кое падна на пругата. Инцидентот се случил во саботата кога возот се приближувал кон железничката станица во Вангани, гратче во близина на Мумбај. Пред да падне, момчето одело со мајка си, која е делумно слепа.
Шелке бил награден за своето херојско дело. Тој добил 50.000 индиски рупии, но половина од парите ги донирал за мајката и детето.
Еве како бил дочекан Мајур од вработените во железничката станица:
Shri Mayur Shelkhe the ‘real life hero’ appreciated by staff & DRM of Mumbai Division of Central Railway.pic.twitter.com/8fCSR6S4Vy
— Ministry of Railways (@RailMinIndia) April 19, 2021