Почетна » Новости » Истражувања » 50% од мажите би простиле неверство со жена

50% од мажите би простиле неверство со жена

Многу поверојатно е еден маж да прости неверство ако партнерката го изневери со друга жена, отколку ако таа има секс со маж. Од друга страна, една жена е поверојатно да остане со маж кој имал секс со друга жена, отколку ако ја изневери со друг маж.

Дури половината од мажите кои учествувале во истражување на Универзитетот Тексас изјавиле дека би ѝ простиле на својата партнерка неверство со жена.

Две жениСекој втор маж би ѝ простил на својата партнерка ако таа го изневери со жена

Психологот Џејми Конфер објаснила дека причината за таквите резултати е инстинктивната љубомора која е различна кај половите.

Кога жената изневерува со маж, нејзиниот партнер чувствува дека му се загрозени шансите за татковство. А кога жената изневерува со друга жена, мажот ја гледа таа афера како можност да има сексуални односи со повеќе од една партнерка истовремено.

Во истражувањето, на 718 студенти им било кажано да си замислат дека се во сериозна врска, а потоа истражувачите им поставувале прашања за различни типови неверство.

Половината од мажите изјавиле дека би останале во врска со партнерка која ги изневерила со друга жена. Но, само 22% би останале со партнерка која ги има изневерено со маж.

Од друга страна, 28% од жените изјавиле дека би останале со својот партнер ако тој ги изневери со жена, а само 21% би ја продолжиле врската со него ако ги изневери со маж.

Учесниците имале многу малку искуства со различните типови неверство во реалниот живот. Сепак, врз основа на тие искуства, истражувачите дошле до заклучок дека жените се потолерантни кон неверството од мажите, т.е. мажите поретко простуваат неверство во споредба со жените.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.