Почетна » Новости » Истражувања » 10 факти за изневерувањето кои можеби ќе ве изненадат

10 факти за изневерувањето кои можеби ќе ве изненадат

Кога еден маж изневерува, веднаш се претпоставува дека тој е несреќен со својата сопруга. Но, не мора тоа да е вистина. Всушност, истражувањата велат дека повеќето (поточно 56%) од мажите кои имаат афера тврдат дека се среќни во бракот. Но, и покрај тоа што се среќни во љубовта, сепак многу мажи завршуваат в кревет со друга жена. Се прашувате зошто?

Неверство

Потпирајќи се на многу истражувања и набљудувања, експертите дошле до следниве факти за изневерувањето:

1. Кога изневеруваат, повеќето мажи се сè уште заљубени во своите сопруги

Психологот Андра Брош вели дека мажите најмногу изневеруваат откако ќе го стабилизираат семејниот живот и ќе имаат дете. Тогаш се задоволни од одредени сфери во животот, но може да им недостига романтика. „Мислиме дека жените се тие кои се жалат на отсуството на романтика, но и мажите го чувствуваат тоа. Често мажите страдаат во тишина, верувајќи дека не можат да го добијат она што го сакаат од сопругите“ – тврди Брош.

Повеќето мажи кои изневеруваат велат дека се среќни во бракот, но тоа не е случај со жените. За разлика од мажите, само 34% од жените кои изневериле тврдат дека се среќни или многу среќни со својот сопруг.

2. Мажите најчесто изневеруваат со жени кои ги познаваат

Неверните мажи најчесто не одат во барови за да бараат жени. „Мојот прв сопруг ме изневери со пријателка од детството. Нивните фамилии се блиски, па никогаш не прекинаа да контактираат“ – сопруга од Њујорк. Експертот Мери Џо Рапини тврди дека 60% од аферите започнуваат на работа.

3. Мажите изневеруваат за да го спасат бракот

„Мажите ги сакаат своите сопруги, но не знаат како да ги поправат проблемите во врската, па настрана од бракот ги пополнуваат дупките“ – вели Сузан Мендел, брачен и семеен терапевт.

4. Мажите се мразат себеси по аферите

Можеби ќе кажете дека мажите кои изневеруваат немаат морал, но тие често се презираат себеси по неверството. „На крајот на краиштата, тој предал друго човечко суштество, за кое тврди дека го сака, па тоа може многу негативно да се одрази на неговата психа“ – вели експертот за врски Чарлс Орландо.

5. Мажите стануваат „поживи“ во односите со сопругата по започнувањето на аферата

„Кога мажот ќе започне со неверството, тој станува сексуално хиперактивен“ – вели Мери Рапини. Таа објаснува дека поради големата возбуда се буди желбата за секс кај мажот, но откако аферата ќе стане стабилна, желбата за секс со сопругата опаѓа.

6. Многу често жените знаат кога нивниот маж има афера

И покрај тоа што насетуваат дека нивните мажи имаат друга, многу жени одлучуваат да премолчат поради децата или за да избегнат понижување и распаѓање на бракот.

7. Жените изневеруваат колку и мажите и нивните афери се поопасни

Истражување на Индијана Универзитетот покажало дека мажите и жените изневеруваат подеднакво, а различни се само причините за неверство. Чарлс Орландо објаснува дека жените изневеруваат за да се чувствуваат емотивно задоволни. „Онлајн изневерувањето е најштетниот тип неверство“ – тврди тој. Емотивното поврзување со друга личност значи дека жената веќе е откажана од бракот. Од друга страна, кога се работи само за секс, не се бара длабоко поврзување.

8. Аферата може да го спаси бракот

Не секогаш, но се случува аферата да ја разгори искрата меѓу партнерите. „Мажите сфаќаат со кого сакаат да го поминат остатокот од својот живот и дека новата врска не е толку совршена како што си мислеле“ – објаснува Орландо.

9. Дури и по спасувањето на бракот, на мажот може да му недостига аферата

„Може да му недостигаат одредени нешта кај другата жена – забава, нула обврски, сексот, возбудата од криењето, но често му недостига и она што го чувствувал за себе кога бил со неа“ – вели Орландо.

10. Жената не е виновна ако сопругот ја изневери

„Кога мажот изневерува, тој прави свесен избор да го стори тоа“ – вели д-р Брош.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.