Почетна » Љубов и секс » Проблеми во врската » 7 најчести причини зошто изневеруваат жените

7 најчести причини зошто изневеруваат жените

Никој не е имун на неверството. Најголемите митови за неверството велат дека само мажите изневеруваат и дека основната причина за појавата на неверство е сексот. Но, денешните истражувања покажуваат дека постојано расте бројот на жени кои бараат љубов и задоволство надвор од врската или бракот и откриваат дека жените изневеруваат речиси исто колку и мажите. Жените денес изневеруваат повеќе отсекогаш – тоа е факт што не може да се негира.

НеверствоЖените денес изневеруваат речиси колку и мажите

Стотиците истражувања на оваа тема покажуваат дека сексот не е главната причина поради којашто жените влегуваат во водите на неверството. Всушност, повеќето неверни жени не ни имаат сексуален контакт. Па, што би натерало една жена да го изневери својот партнер?

  1. Чувството дека не е доволно ценета/сакана/посакувана. Долгите врски предизвикуваат многу луѓе да започнат да ги земаат своите партнери здраво за готово. Во моментите кога една жена не се чувствува доволно ценета, сакана и посакувана, таа е многу ранлива и лесно може да „падне“ на комплиментите и вниманието на друг маж. Жените обично изневеруваат со мажи кои вистински разговараат со нив, им даваат многу комплименти, прават да се чувствуваат специјално... Жените изневеруваат со мажи кои им го даваат она што им недостига во врската.
  2. Одмазда. Во одредени случаи, кога мажот изневерил, неговата партнерка може да изневери само и само за да му покаже колку боли да си на другата страна на неверството.
  3. Љубомора. Веројатно се прашувате чија љубомора. Одговорот е – и љубомората на мажот и љубомората од страна на жената.
    • Неговата љубомора. Често се случува мажот да е опсесивно или посесивно љубоморен, па да ѝ забранува многу нешта на својата партнерка и да прави скандали од најмали ситници. На пример, таа учтиво му се насмевнува на продавачот, а партнерот избувнува од бес. Или пак ѝ забранува да излегува со пријателките за евентуално да не го изневери и да не биде мета на комплиментите и додворувањето на други мажи. Во таков случај, таа може да го изневери затоа што ѝ дошло преку глава да биде контролирана.
    • Нејзината љубомора. Ако мажот е привлечен и добива големо внимание од женскиот пол, тогаш неговата партнерка може да изневери за да покаже дека и таа може да биде привлечна за спротивниот пол. Во овој случај не се работи за одмазда, туку таа всушност си докажува себеси и/или му докажува на својот партнер дека ако сака, може да краде погледи.
  4. Отсуството на интимност и сексуална поврзаност. Скоро во секоја долга врска има „сушни“ периоди кога наместо како страсни љубовници, мажот и жената започнуваат да се чувствуваат како пријатели или цимери. Отсуството на интимност може да влијае лошо на самодовербата на жената или кај неа да предизвика сомнеж дека партнерот повеќе не ја сака и посакува, па дури и дека ја изневерува. Факт е дека мажите е поверојатно да имаат афера ако не се чувствуваат сексуално задоволени, бидејќи жените многу повеќе изневеруваат за да добијат емотивна интимност. Сепак, жените уживаат во бакнежите, прегратките, физичката и сексуалната интимност и ако не ги добиваат во врската, ќе бидат искушувани да ги побараат надвор од неа.
  5. Здодевност и монотонија во врската. Интимноста постои, сексот не е реткост, но недостига возбуда, страст, адреналин. Во ваква ситуација жената може да влезе во афера со надеж повторно да ја почувствува возбудата која била присутна на почетокот на врската. Неверството носи голема возбуда и голема доза адреналин не само затоа што носи врска со нова личност, туку и затоа што вклучува криење, односно го има вкусот на забранетото овошје.
  6. Таа не знае како да стави крај на врската. Во главата и срцето на овие жени врската одамна завршила, но не знаат како да му го соопштат тоа на партнерот. Експертите велат дека жените често не знаат како да раскинат со мажи кои се добри и кои прават сè за нив затоа што се плашат да не ги повредат, па и покрај тоа што не сакаат, остануваат во врска. Кога жената не чувствува ништо кон својот партнер и е во врска поради чувство на обврска, се зголемува веројатноста дека она што ѝ недостига ќе го побара на друго место.
  7. Таа не е меѓу неговите врвни приоритети. Жената која се чувствува запоставена е склона да донесува многу погрешни одлуки. Ситуација: неговата работа му е поважна од сè и тој станува непоправлив работохолик; во слободното време се дружи со пријателите; одлуките и советите на неговата мајка се поважни од нејзините; кога е дома, целото време го поминува со децата (на видео игри и друштвени мрежи); тој скоро и заборавил на желбите и потребите на својата партнерка, на годишнините, на нејзиниот роденден... Жените бараат внимание и сакаат секојдневно да добиваат потврда дека се важен фактор во животот на нивниот партнер.

Да, жените изневеруваат. Но, разликата меѓу неверството на мажите и жените е што жените во многу ретки случаи го прават тоа спонтано, само затоа што им се пружила можност. Тие почесто внесуваат чувства и повеќе размислуваат пред да го пречекорат прагот на неверството.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.