Гледајте на посветлата страна на животот за да живеете подолго. Истражувачите уште еднаш дојдоа до заклучокот дека позитивното размислување и чувството за хумор придонесуваат многу за живеење на подолг и поздрав живот.
Американски научници ги проучувале карактеристиките на 243 лица на возраст од 95 до 107 години. „Резултатите покажаа дека тие имаа две заеднички нешта – позитивен став за животот (што значи дека се оптимисти, опуштени, екстравертни, се смеат повеќе) и ги искажуваат емоциите наместо да ги потискаат во себе“ - изјавил докторот Нил Барзилаи.
„Постои врска помеѓу карактерот и организмот. Има смисла. Ако си попозитивен, ќе го намалиш стресот и ќе бидеш на вистинскиот пат кон подобар живот“ – изјавил д-р Гери Смол, кој не учествувал во истражувањето на Барзилаи, но има правено многу свои истражувања во оваа сфера.
Сепак, Барзилаи вели дека сè уште не се знае како точно карактерот е поврзан со долговечноста. „Треба да дознаеме каква е врската причина-ефект. Не знаеме дали можеме да ја промениме должината на животот со позитивно размислување или дали долгиот живот го предизвикува позитивниот поглед“ – дополнил тој.