Почетна » Новости » Истражувања » Кој прв кажува „Те сакам“ – мажите или жените?

Кој прв кажува „Те сакам“ – мажите или жените?

Изговарањето на зборовите „Те сакам“ е многу значаен момент во секоја врска, иако денес тие зборови често се кажуваат напразно.

Отсекогаш преовладувало мислењето дека мажите ги кријат своите чувства, а дека жените се поемотивни и први собираат храброст да ја признаат својата љубов кон партнерот.

Според ново истражување на психологот Џош Акермен, 64% од луѓето сметаат дека најчесто жените први велат „Те сакам“. Но, резултатите покажале дека всушност мажите се тие кои најчесто први изговараат „Те сакам“.

Те сакамНајчесто мажите први кажуваат „Те сакам“

За да стигне до оваа констатација, Акерман интервјуирал 205 мажи и жени за нивните сегашни и минати врски. Исто така, тој проучувал и како се чувствуваат луѓето откако ќе слушнат „Те сакам“ пред и по секс.

Жените биле најсреќни да слушнат „Те сакам“ пред секс. Од мажите, оние кои не сакале сериозна врска со својата партнерка биле посреќни да ги слушнат тие зборови пред секс, затоа што тоа во нивните уши звучи како знак дека следи секс. Од друга страна, оние мажи кои имале сериозни намери кон својата партнерка биле посреќни кога ќе слушнеле „Те сакам“ по сексуалниот однос.

„Тоа покажува дека не се сите мажи исти“ – изјавил Акерман.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.