Долги години се сметаше дека мажите претпочитаат жени домаќинки, кои ќе се грижат за домот и ќе ги гледаат децата. Но, сè повеќе истражувања покажуваат дека мажите денес бараат посамостојни и поамбициозни жени чија цел не е само создавање на семејство, туку и успешна кариера.
Ново истражување на компанијата Electronic Arts спроведено во Велика Британија покажало дека денес повеќето мажи преферираат жени кои имаат добро платени работни места. Според резултатите од истражувањето, 66% од мажите посакуваат амбициозни жени со успешна кариера, а тој процент се зголемува до 71% кај мажите на возраст од 30 до 34 години.
Истражувачите констатирале дека жените кои се силни, независни и професионалци им се попривлечни на модерните мажи.
„Финансиската состојба е многу лоша и мажите кои некогаш се плашеа од моќните, успешни жени, сега се опаметија“ – изјавил Џо Барнет, експерт за врски.
Околу 18% од мажите изјавиле дека бараат партнерка којашто е забавна, 14% – партнерка којашто може да застане цврсто на нозе и да ги брани своите ставови, а 9% – партнерка којaшто е спонтана.
Мажите ги сакаат и „лошите“ девојки. Скоро 35% од мажите признале дека ги сакаат „лошите“ девојки како Анџелина Џоли и Меган Фокс.
Од друга страна, и жените се повеќе привлечени од мажи кои се на високи позиции. Дури 60% од жените признале дека преферираат мажи кои имаат работа што им носи многу пари и моќ.
45% од жените изјавиле дека идеалниот маж не е одлично негуван, туку дека има по малку груб изглед, а секоја десетта жена не сака мажи кавалери затоа што ги смета за слаби.