Почетна » Новости » Истражувања » Каква е совршената жена? (според мажите)

Каква е совршената жена? (според мажите)

Каква е совршената жена? Во потрага по релевантен одговор на тоа прашање уредниците на сајтот UKDating направиле истражување со учество на 3000 мажи. Но, резултатите кои ги добиле биле малку контрадикторни.

Замислен мажСпоред мажите, иделната жена сака да има секс секој ден и има убаво тело и покрај тоа што јаде многу

Според мажите, совршената жена има голема желба за секс и убаво тело со цврсти гради и подигнат задник. Дури 91% од мажите одговориле дека нивната идеална жена постојано би сакала да има секс. Сигурно ова воопшто не ве изненадува.

Мажите сакаат жена која ќе биде подготвена за излегување за неколку минути и која е доволно самоуверена да излезе без шминка. Повеќе од половината мажи сонуваат за жена која сака да гледа фудбал наместо сапуници и жена која сака домашно приготвена храна наместо готова. Тоа не е сè.

Списокот со желби на ергените продолжува, но тука започнуваат и интересните одговори. Совршената жена треба да биде слаба, но да јаде големи оброци. Исто така треба да има диплома и да заработува повеќе од нив, но и да седи дома и да гледа деца.

Никол Клоус од сајтот кој го направил истражувањето изјавила: „Сите имаат свој идеален партнер од соништата и мажите не се исклучок. Шест од десет мажи цврсто веруваат дека нивната совршена девојка постои некаде. Но, има неколку контрадикторности во истражувањето што можат да им отежнат на мажите да ја најдат својата идеална партнерка“.

„Не постојат многу жени кои можат да се полнат со планина од храна секој ден и да останат слаби. Исто така постои конфузија за тоа дали мажите сакаат да излегуваат со партнерка која заработува повеќе од нив или со партнерка која е подготвена да остане дома со децата“.

Мажите уште сакаат перфектната жена да има долга коса и да има смисла за хумор.

И на крајот ние жените сме биле комплицирани и пребирливи...

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.