Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 18-годишна девојка го поседува „совршеното лице“?

ФОТО: 18-годишна девојка го поседува „совршеното лице“?

Флоренс Колгејт ја доби титулата „Британка со најубаво лице“. 18-годишната девојка победи на натпревар за природна убавина во кој учесничките кандидирале со фотографии на кои се без шминка. Во натпреварот „Lorraine: Naked“ било забрането учеството на девојки кои ја искористиле помошта на пластичната хирургија. Флоренс победила 8.000 други природно убави девојки.

Флоренс Колгејт

„Моите пријатели и семејството велат дека сум природно убава и ме охрабрија да се пријавам за натпреварот, па си помислив да се обидам. Немав проблем со тоа да се фотографирам без шминка, бидејќи сум навикната. Никогаш не користам многу шминка. Жените не треба да чувствуваат притисок да се шминкаат. Се надевам дека кога луѓето ќе ме погледнат, ќе сфатат дека не треба да користат многу шминка“ – изјавила таа и дополнила дека користи само лесна пудра, коректор, маскара и малку вазелин.

Флоренс Колгејт

По победата, нејзиниот лик се распространи низ светот и многумина ја нарекоа најубавата девојка на светот. И науката се согласува дека лицето на Флоренс е објективно убаво и дека се приближува до идеалот за женска убавина. Лицето на младата Британка е речиси симетрично, што автоматски го прави привлечно за окото. Науката вели дека најпривлечни се жените кај кои соодносот на растојанието меѓу ушите и растојанието меѓу зениците е 2:1, а лицето на Флоренс речиси го има тој сооднос.

И старите Грци имале формула за идеално убаво лице. Формулата на античките Грци вели дека растојанието од очите до устата треба да биде еднакво на една третина (33,3%) од растојанието од линијата на косата до брадичката, а кај Флоренс тој процент е 32,8%.

Истражувачите велат и дека младешките женствени црти на нејзиното лице, како големи очи, високи јаболкници и полни усни, потсвесно укажуваат на плодност, здравје и добри гени.

А кога сме кај гените, Флоренс очигледно има наследна убавина. Нејзиното лице речиси е копија на ликот на нејзината мајка.

Флоренс КолгејтФлоренс Колгејт Мајката на Флоренс КолгејтФлоренс како бебе во рацете на мајка си

Но, освен гените, Флоренс вели дека за убавината на кожата многу е важна исхраната. „Многу зеленчук и овошје. Овошјето е многу добро за вашата кожа. А исто така и вода, пиење на многу вода“ – изјавила таа за Good Morning America.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.