Почетна » Новости » Истражувања » Алергиите го намалуваат ризикот за појава на рак

Алергиите го намалуваат ризикот за појава на рак

Милиони луѓе низ светот страдаат од алергии. Но, колку и да е досадно и мачно справувањето со нив, научниците тврдат дека алергиите се и полезни. Нови истражувања ги потврдија теориите на научниците дека алергиите го намалуваат ризикот за појава на рак.

Научниците откриле дека кај децата кои страдаат од алергија на супстанции што се пренесуваат преку воздух, ризикот од појава на леукемија е помал со 40%. Исто така, тие откриле и дека шансата да се развие рак на јајниците кај астматичарите е за 30% помала отколку кај другите луѓе.

Алергија

Медицинските истражувачи долго време укажувале на врската меѓу алергиите и ракот, но истражувањата покажувале измешани резултати. Сепак, во последните години станува сè појасно дека алергиите носат и одредена предност.

Докторите од Корнел Универзитетот во Америка откриле дека децата кои се алергични на супстанции што се пренесуваат преку воздухот се изложени на помал ризик од појава на рак на грло, кожа, бели дробови и црева.

Канадско истражување пак покажало дека алергијата ги намалува шансите за појава на рак на панкреасот со 58%.

Иако истражувачите сметаат дека се потребни дополнителни истражувања во оваа област, сметаат дека овие статистики го потврдуваат нивното тврдење дека алергиите дејствуваат како еден вид заштита од рак.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20786 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.