Максимални резултати со минимална инвестиција – токму тоа го ветува 7-минутниот тренинг одобрен од научници.
Тренингот вклучува 12 вежби за кои ви е неопходен само стол и ѕид. Секоја од вежбите треба да ја повторувате во период од 30 секунди, а меѓу нив можете да направите пауза од само 10 секунди.
„Постојат добри докази дека тренингот со висок интензитет во интервали осигурува многу од фитнес бенефициите кои ги дава пролонгираниот тренинг на издржливост, но за многу пократко време“ – изјавил Крис Џордан, коавтор на истражувањето кое резултираше со 7-минутниот тренинг, објавено во American College of Sports Medicine Health & Fitness.
Научниците кои му дадоа зелено светло на овој тренинг објавија дека за да добиете најмногу бенефиции, мора да правите само кратки паузи меѓу различните вежби.
Со овој тренинг не можете да го користите изговорот „Немам време“. Започнете со вежбање уште денес за подготвени да го дочекате летото.
Се разбира, ако имате повеќе време, научниците препорачуваат повторување на вежбите 2-3 пати.