Бинди Ирвин има многу поводи за славење. Ќерката на покојниот „ловец на крокодили“ го прослави својот 21. роденден, а на истиот ден, го прифати и предлогот за брак на Чендлер Пауел.
По завршувањето на роденденската забава во „Australia Zoo“, зоолошката градина основана од семејството Ирвин во 1970 година, Чендлер ја повикал Бинди на специјално место во градината и ѝ го поставил судбоносното прашање.
„На мојот роденден му реков 'да' и 'засекогаш' на оној што е љубовта на мојот живот. Чендлер, приближно пред 6 години се заљубив во тебе и секој ден оттогаш наваму е вртлог од авантура и вистинска среќа“ - напиша таа на Instagram и сподели фотографии од прстенот.
Чендлер со романтична порака ја објави веста за свршувачката. „Таа рече да! Пред речиси 6 години се запознавме во Australia Zoo. Веднаш се затрескав во нејзиниото добро срце кое зрачи многу светлина. Тоа што ѝ предложив брак на нејзиното омилено место, додека бевме опкружени со животни, ми изгледаше како совршен начин за да запловиме во ова неверојатно ново поглавје од нашите животи. Би, те сакам повеќе од сè на светов и секогаш ќе биде така. Среќен роденден“ - стои во неговата порака.
Тери Ирвин им честиташе на идните младенци: „Најдобриот ден! Многу сум среќна и знам дека и Стив би бил среќен. Честитки!“
Бинди е ќерка на љубителот на животни Стив Ирвин, кој почина по убод од риба раја на