Бинди Ирвин и Чендлер Пауел станаа родители.
Младиот брачен пар доби ќерка и ја сподели првата фотографија со бебенцето. 22-годишната ќерка на Стив Ирвин, познат како „ловецот на крокодили“, позираше со 24-годишниот сопруг и новороденото девојче.
Со името на бебето, парот му оддаде почит на прерано починатиот татко Бинди и на свои далечни роднини.
„25 март 2021. Славам за двете љубови на мојот живот. Среќна прва годишнина од свадбата на мојот сакан сопруг и среќен роденден на нашата убава ќерка. Грејс Вориор Ирвин Пауел. Нашиот нежен ангел е најубавата светлина. Грејс е крстена по мојата прабаба и роднини на Чендлер кои живееле во 1700-тите. Со нејзините средни имиња, Вориор Ирвин, му оддаваме почит на мојот татко и на неговото наследство како најневеројатниот Борец за дивиот свет. Нејзиното презиме е Пауел и веќе има многу нежна душа како нејзиниот татко. Нема зборови за да ви го опишам бескрајното количество љубов во нашите срца кон ова наше слатко девојче.“
„Таа избра совршен ден за да се роди и ние се чувствуваме извонредно благословени“ – напиша Бинди.
Чендлер сподели уште една фотографија од слатката Грејс.
Бинди и Чендлер стапија во брак во април минатата година, а во август таа објави дека е бремена.