Бинди Ирвин и Чендлер Пауел го очекуваат нивното прво дете.
Сакајќи да му оддаде почит на нејзиниот покоен татко Стив, познат како „ловецот на крокодили“, 22-годишната девојка пресоздаде семејна фотографија.
На старата фотографија, нејзината мајка Тери позира со пораснато трудничко стомаче додека го носи второто дете. Бинди и Стив ѝ го бакнуваат стомакот.
На новата фотографија, младата љубителка на животни позира покрај својот сопруг, кој ѝ го бакнува стомачето.
„Пресоздавање на специјален момент. Љубов во третиот триместар“ – напиша таа.
Бинди и Чендлер стапија во брак во април минатата година, а во август таа објави дека е бремена.
Нејзиниот татко, Стив, почина по убод од риба раја на 44-годишна возраст за време на експедиција во Австралија.