Бинди Ирвин, ќерката на ловецот на крокодили Стив Ирвин, ги освои симпатиите на публиката уште со своето влегување во популарното шоу „Dancing With the Stars“, а вчера го доби и посакуваниот трофеј. Партнер на Ирвин во шоуто ѝ беше професионалниот танчар Дерек Хаф.
„Останав без зборови. Ова е подарок и не можам да ви опишам колку многу љубов чувствувам кон сите кои ме поддржувавте на ова прекрасно патување. Мојот живот е променет“ – напиша среќната Бинди на Instagram.
Харизматичната девојка неколку танцови во шоуто му ги посвети на својот покоен татко и многупати ги расплака своите фанови.