Илустрации, кои имаат моќ да ја разнежнат секоја жена и мајка, ја прикажуваат бременоста од гледна точка на бебето.
Од првиот ден заедно, вкусните оброци и утринските мачнини, па сè до слатките клоцања додека е во утробата... На цртежите е прикажано како се раѓа љубовта меѓу мајката и нероденото бебенце и што тоа би ѝ кажало кога би можело да зборува.