Холанѓанки на забавен начин ги доловуваат моментите од мајчинството кои не им се воопшто привлечни на жените, но низ кои минуваат сите мајки.
Корин де Врис била изненадена од промените во нејзиниот живот откако го родила своето прво дете и сакала на хумористичен начин да ја прикаже реалната страна на мајчинството за која малку се зборува. Таа ја споделила својата идеја со илустраторката Ингебрит тер Велд и заедно ги создале илустрациите во кои ќе се пронајде секоја мајка.
„Влегов во целосно нов свет, каде луѓето користеа зборови кои не ги знаев, каде моето тело се промени и каде, одеднаш, морав да се грижам за едно човечко суштество кое многу зависи од мене“ – вели Корин. „Сакав на хумористичен начин да покажам што ти се случува откако ќе станеш мајка“ – додава таа.
„Мајчинството е прекрасно, но истовремено е навистина тешко. Не можеш да замислиш како ќе биде, никој не може да ти објасни. Целиот живот ќе ти се преврти наопаку, телото многу ќе ти се промени. Тоа мене ме прави несигурна, сигурна сум дека не сум единствена, но истовремено откривам дека сум способна на многу повеќе нешта одошто сум мислела. Ментално и физички“ – вели Ингебрит.