Фудбалерката Рали Добсон ја стави љубовта пред кариерата и ја донесе големата одлука да се пензионира за да може се грижи за саканиот болен од рак.
28-годишната девојка пред неколку денови го одигра последниот меч со својот тим Мелбурн Сити, а по победата доби прекрасно изненадување од своето момче.
Додека прославуваа за нејзиниот гол и победата, нејзиниот партнер Мет клекна на колена и ѝ го постави судбоносното прашање.
Со растреперени раце Рали го прифати прстенот и му одговори „ДА“ на саканиот. Видеото и фотографиите од предлогот за брак го обиколија светот.
ВИДЕО:
Мет, кој исто така бил фудбалер, се бори со рак на мозокот. Тој ја добил страшната дијагноза пред шест години. Оттогаш, има минато низ операција за отстранување на туморот и цела година лекување со хемотерапии.