Дејвид Линч го напушти овој свет.
Режисерот, кој стои зад хит серијата „Twin Peaks“, почина на 78-годишна возраст, а веста на неговата смрт ја соопшти неговото семејство во објава на Facebook.
„Со длабоко жалење, објавуваме дека почина човекот и артистот Дејвид Линч. Има голема дупка во светот сега, кога тој повеќе не е со нас“ – напишаа неговите блиски.
Пред само неколку месеци, Линч откри пред светот дека во 2020 година му бил дијагностициран емфизем од многуте години пушење цигари. Тоа е состојба на белите дробови каде доаѓа до недостиг од воздух и плитко дишење поради оштетувања кои се појавуваат во алвеолите.
Во интервју за People, Дејвид откри дека започнал да пуши кога имал само 8 години и дека се откажал од пушењето две години по неговата дијагноза. Пред неговата смрт, тој имал потреба од дополнителен кислород за да може да се движи.
„Пушењето беше важен дел од мојот живот. Го обожавав мирисот на тутунот, вкусот на тутунот. Обожавав да палам цигара. За мене пушењето беше дел од тоа да сум сликар и режисер“ – рекол тој.
Ladies and Gentlemen,
— David Lynch (@DAVID_LYNCH) August 5, 2024
Yes, I have emphysema from my many years of smoking. I have to say that I enjoyed smoking very much, and I do love tobacco - the smell of it, lighting cigarettes on fire, smoking them - but there is a price to pay for this enjoyment, and the price for me is…
Освен по серијата „Twin Peaks“, Линч ќе остане запаметен и по филмовите „Blue Velvet“, „Mulholland Drive“, „Wild at Heart“ и многу други.